Гризман е голема желба на тренерот на Тотнем, Антонио Конте кој веќе прави трансфер-листа со можни засилувања кои сака да ги купи во јануари.
Тотнем има услови за да го купи Гризман, чија цена е повеќе од двојно помала од таа што ја плати Барселона во 2019 година, односно 120 милиони евра.
Ако потпише со лондонскиот тим, тоа ќе биде прва авантура на Гризман надвор од Шпанија во неговата кариера.
Французинот сезонава одигра 21 меч за Атлетико, а притоа постигна седум голови и три асистенции.