Ќерката на милијардерот Берни Еклстоун, Петра, направи драстичен потег.
Таа има три деца – ќерката Лавинија и близнаците Ендрју и Џејмс Роберт – со поранешниот сопруг Џејмс Стант. Бидејќи повеќе не е во брак со Стант, ќерката на првиот човек на Формула 1, реши да им го смени презимето – од Стант во Еклстоун. Притоа, таа доби поддршка од татко ѝ , 91-годишниот Берни. Берни тврди дека Лавинија (8) сакала да го носи презимето на својата мајка откако открила што направил биолошкиот татко.
„Не ја обвинувам Петра, за децата ќе биде подобро да го имаат презимето на нивната мајка, и сметам дека тоа е добро. Лавинија јасно ѝ кажа на мајка си дека повеќе не сака да го носи презимето на таткото и јас целосно ги поддржувам во тоа“, рекол Берни, пренесува „ТМЗ“.
Петра се разведе од Џејмс Стант во 2017 година по шест години брак. Сега е свршена за Сем Палмер со кој ја има 18-месечната ќерка Мили. Џејмс, инаку, се уште го чека судење откако беше обвинет за перење пари, фалсификување, како и вербален напад врз полицаец на расна основа.