Една изборна единица и либерализација на криптовалутите им ветил Ковачевски на помалите коалициски партии

Помалите партии кои се во владината коалиција, добиле уверување од мандатарот Димитар Ковачевски дека дел од нивните битни проекти ќе бидат содржани во новата владина програма- наместо шест да има една изборна единица, да се либерализираат криптовалутите и да се гради ски-центар на Пелистер, пишува „Слободен печат“.

Според информациите на Слободен печат, на забелешките од помалите коалициски партнери за бавната реализација на проектите, Ковачевски најавил дека планира да ангажира експерти од странство, кои ќе бидат задолжени за роковите за спроведување на проектите.

НСДП предложила проекти од енергетика, односно годинава да почне изградба барем на една хидроцентрала од проектот „Вардарска долина“, државата да закупи 200 мегават-часови од европска земја што гради нуклеарна централа, да се детектираат потенцијални локации за геотермални централи, да се воведе полициски омбудсман, како и проекти од образованието, културата и од екологијата.

Треба да знаете
Последни објави