Рударите вработени во најголемата полска компанија за производство на јаглен денеска ја блокираа испораката на тоа фосилно гориво до државните централи, барајќи повисоки плати.
Демонстрантите ги запреа возовите што излегуваа од рудникот Халемба и другите рудници на „Полската група за ископување јаглен” во Шлезија, регион во јужна Полска.
Побараа повисоки плати за викендите и јасни гаранции дека платите ќе се зголемат годинава за да се неутрализираат ефектите од порастот на инфлацијата која во ноември достигна 7,7 отсто. Тие протестираа и против увозот на поевтин јаглен од Русија.
Секој ден од рудниците на компанијата се испорачуваат до 40 возови јаглен.
Акцијата се планира да трае два дена и тоа би можело да влијае на производството на електрична енергија во големите државни електрани што обезбедуваат најголем дел од енергијата во Полска.