Владата во Приштина донесе одлука да го забрани „рударење“ на криптовалути во Косово, бидејќи се трошат големи количества струја.
Косовската министерка за економија Артане Ризваноли изјави дека по препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на „рударење“ на криптовалути, го пренесува Косово онлајн пишувањето на порталот Репортерс.
– Врз основа на препораките донесов одлука за итни мерки со кои се забранува „рударење“ на криптовалути на целата територија на Косово. Институциите за спроведување на законот ќе го прекинат производството на предметната активност со поддршка на сите релевантни институции кои ќе ги идентификуваат локациите на производство на криптовалути, објави Ризваноли, пренесува Б92.