Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, се извини за интервјуто за италијанскиот печат, во кое го изрази своето незадоволство од ситуацијата во клубот.
Конфликтот меѓу Лукаку и Челзи е решен. Но, Белгиецот стана лик непосакуван кај навивачите на „сините”.
– Сакам да им кажам на навивачите дека се извинувам за вознемиреноста што ја предизвикав. Знаете за мојата наклонетост кон клубот уште од мали нозе. Се разбира, разбирам дека сте вознемирени. Секако, сега морам да дадам се од себе за да ја вратам вашата доверба и ќе дадам сè од себе да ја докажам мојата лојалност кон клубот. Ќе работам напорно на тренинзите и на натпреварите, давајќи ги сите сили за победа. Дополнително, им се извинувам на тренерот, партнерите, раководството на клубот, бидејќи мислам дека моите коментари беа ненавремени. Би сакал да одам напред и да направам сè за да почнеме да победуваме во натпревари и да играм најдобро од себе, рече Лукаку во видеото објавено на официјалната веб-страница на клубот.
Претходно, фудбалерот го пропушти натпреварот со Ливерпул (2:2). Тој не беше вклучен во составот со одлука на тренерот Томас Тухел по неговото контроверзно интервју за италијанскиот печат. Белгиецот изјави дека е незадоволен од играта на Челзи и методите на Тухел, а најави и желба да се врати во Интер.
По натпреварот, тренерот рече дека ќе ја разбере ситуацијата и истакна дека играчот може да се врати во тимот.