„Ватсап“ воведе опција што им олеснува на корисниците да напуштат здодевни групи

ЗАБАВА

„Ватсап“ воведе опција што им олеснува на корисниците да напуштат здодевни групи

Објавено пред 1 минута 

 – 17 март, 2023

Од Макфакс

„Ватсап“ воведе нова функција која им овозможува на корисниците тивко да напуштат  групен разговор, без да бидат известени другите членови на групата.

Со ажурирање на апликацијата, само администраторот ќе добие известување за заминување на поединечен член од групата, а не и останатите членови.

Оваа функција беше дочекана со ентузијазам кај голем број корисници, кои сега веќе не мора да се плашат дека некој ќе се налути или навреди ако напуштат одредена група.

„Ватсап“ е најголемата платформа за пораки во светот, со повеќе од две милијарди активни корисници месечно и трета најголема социјална платформа по „Фејсбук“ и „Јутјуб“.

Треба да знаете
Последни објави