Трката од Формула 1 возена вечерва за Големата награда на Бразил заврши со двојна победа за Мерцедес. Првото место му припадна на Џорџ Расел, додека втор беше неговиот тимски колега Луис Хамилтон.
По нив се пласираа двајца возачи на Ферари: Карлос Саинц беше трет, Шарл Леклер – четврти.
Пилотот на Алпин Фернандо Алонсо целта ја мина како петти. Тој беше пред двајца пилоти на Ред Бул: Макс Верстапен и Серхио Перез.
Трката беше одбележана со неколку судири, уште на почетокот Рикиардо и Магнусен се елиминираа себеси, а подоцна Верстапен имаше контакт со Хамилтон, за што заработи пет секунди казна. Иста казна доби и Норис по дуелот со Леклер.
За расел вечерашната победа е прва во неговата кариера. Пред трката на патеката „Интерлагос” Британецот осум пати беше на подиумот, сезонава седум пати.
Последната трка во Формула 1 оваа сезона ќе се одржи следниот викенд за Големата награда на Абу Даби.
Од поодамна, Макс Верстапен ја обезбеди шампионската титула.