Израел забележа најголем број нови заразени со коронавирус досега предизвикани од позаразниот вид омикрон, и покрај ограничувањата за патување и неопходниот карантин, соопшти денеска израелската влада.
Рекорден број од 11.978 случаи, идентификувани во текот на вчерашниот ден, претставува најголем број на нови инфекции пријавени во еден ден од почетокот на пандемијата, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Претходниот рекорд беше поставен на 2 септември со 11.345 нови инфекции регистрирани за време на бранот предизвикан од видот делта на корона вирусот.