Општина Велес: Најстрого е забрането палење на коледарските огнови со несоодветни и опасни материјали

Да ја одбележиме вековната традиција, но постојано да имаме во предвид дека воздухот е загаден во овој период и дека треба да се однесуваме како одговорни граѓани кон околината во која живееме,  потенцираат од општина Велес.

Најстрого е забрането користење на несоодветни и опасни материјали како гуми, пластика, делови од мебел, материјали премачкани со боја и лепило, отпадно масло од автомобили и слично при палење на коледарските огнови на било која локација во градот или во околината, ги информира општина Велес граѓаните во пресрет на одбележување на Коледе и Бадник, поради лошиот квалитет на амбиентниот воздух во Велес во текот на вчерашниот ден со среднодневна концентрација на ПМ10 честички од 102,88 микрограми на кубен метар.

Воедно, апелира до граѓаните коледарските огнови кои се децениска традиција оваа година да се палат во контролирана форма за да не придонесат кон дополнително нарушување на квалитетот на амбиентниот воздух и да се намали ризикот за појава на пожар.

-Да ја одбележиме вековната традиција, но постојано да имаме во предвид дека воздухот е загаден во овој период и дека треба да се однесуваме како одговорни граѓани кон околината во која живееме, потенцираат од општина Велес.

Треба да знаете
Последни објави