(Видео) Орце Камчев си ги собра работите од Шутка и си замина дома

Пред 1 час Орце Камчев го напушти затворот во Шутка каде што беше во притвор речиси една година осомничен за предметот „Плацеви на Водно“ во кој првоосомничен е бегалецот Никола Груевски.

Скопска алелација вчера ја прифати гарнaцијата од речиси 11 милиони евра и го пушти обвинетиот Камчев да се брани од слобода.

Камчев една недела е во неговата болница Систина со дозвола на судијата кој го суди предметот бидејќи не бил здравствено добар.

Попладнево Камчев од ќелијата во која го помина притворот отишол да си ги собере неговите ствари, и од таму замина дома. На заминување новинарот на ТВ Клан на излезот од затворот само го сними оти тој не сакаше да одговара на прашања..

Во продоление погледнете го видеото

Треба да знаете
Последни објави