Беса Транс, но сега туристичка агенција од Прешево организира Божиќни тури за Истанбул и за македонските граѓани.
За само 79 евра нуди аранжман од 6 до 13 јануари со две ноќевања и три ноќи во градот на Босфор. И она што е најсимптоматично – тргнувањето е од Скопје, Тетово и Гостивар.
„Телма“ се обиде да уплати аранжман за ова патување кое почнува утре за да дознаеме од каде „никна“ оваа агенција на социјалните мрежи која го има истото име со нашата агенција Беса Транс- која го организираше кобниот пат за Турција во кој животот го загубија 45 граѓани.
Ниту надлежните слушнале, ниту знаат дали се работи за иститите автобуси и истиот газда – Беким Хаџиу кој по несреќата е надвор од државата. Него го испитуваат бугарските истражни органи.
Потрагата која е агенција од соседството тргна од дома. Се јавивме во Беса Транс во Скопје.
По повеќе обиди се јави женски глас кој не уверуваше дека не работат и тие не ги организираат овие тури.
Повеќе на линкот: Телма