МЗ: Детектиран Омикрон кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флурон

Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2. Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, како што се посочува, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59 отсто од позитивните примероци.

Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, четворица од Тетово, двајца од Кавадарци и еден од Кочани. Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2, информираат од Министерството.

Треба да знаете
Последни објави