Касано е префрлен во болница откако состојбата нагло му се влошила денеска, после неколку дена во домашна изолација откако добил позитивен тест на коронавирусот. Веста дека ситуацијата не е најдобра ја објавила неговата сопруга Каролина Марсиалис.
Бившата калчо-ѕвезда е примен во болницата Сан Мартино, а Касано не бил вакциниран. Инаку тој во кариерата играше и за Сампдорија, Милан и Верона.