Пецаков: Исчистена е дивата депонија во населбата Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас

Нашите заложби за справување со дивите депонии низ градот продолжуваат. Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид издаде налог на ЈП „Охридски комуналец” за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас.
 
Подигнати се 44 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна.
 

За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад. Уште еднаш апелираме за сите потреби кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, да се јават на дежурниот телефон 075-495-428 кој е достапен секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави