Претседателот на Казахстан побара помош од воениот сојуз предводен од Москва

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев денеска им се обрати за помош на шефовите на државите на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ), воена алијанса предводена од Русија.

– Сметам дека е соодветно да им се обратам на партнерите од ОДКБ – рече Токаев.

Тој посочува дека терористичките банди ја преземаат контролата над најважните инфраструктурни објекти во земјата.

Да потсетиме, членки на ОДКБ се Русија, Ерменија, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан.

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев денеска потпиша указ за воведување вонредна состојба во регионот Алмати. Со уредбата е воведен и полициски час од 23 до 07 часот.

Токаев нареди да се формира комисија за проучување на ситуацијата, а на 4 јануари објави дека е подготвена да го исполни главното барање на демонстрантите и да ги намали цените на бензинот.

Сепак, протестите се проширија и во другите градови. Вечерта на 4 јануари, демонстрантите се судрија во Алма-Ата со полицијата која употреби гас и шок бомби.

Треба да знаете
Последни објави