Кралицата позитивна на Корона-19

Британската кралица Елизабета Втора е позитивна на коронавирус, објави во неделата Бакингемската палата.

95-годишната монархиња, која на 6 февруари прослави 70 години на тронот, има благи симптоми на настинка, и се очекува да ги продолжи обврските во Виндзор, соопшти палатата.

„Нејзиното височество ќе добива лекарска помош и ќе ги почитува сите упатства“, се наведува во соопштението.

Медиумите потсетуваат дека веста доаѓа пред најавеното укинување на сите ограничувања воведени во Британија во екот на пандемијата.

Бакингемската палата минатата година потврди дека и таа и нејзиниот сега веќе покоен сопруг, принцот Филип, ја примиле првата доза на вакцина против Ковид-19 во јануари 2021 година, но потоа немаше потврдени информации за последователните вакцини.

Кралицата била во директен контакт со нејзиниот најстар син принцот Чарлс, наследникот на тронот, неделата кога тој беше заразен со вирусот.

Најновото соопштение е објавено само две недели откако кралицата, која во април ќе наполни 96 години, го прослави платинестиот јубилеј – 70 години на тронот.

Треба да знаете
Последни објави