Демократскиот сојуз оценува дека изборите во првиот изборен круг за претседател на државата поминаа во мирна и демократска атмосфера, без инциденти или друг вид нерегуларности.
„Денес, победија граѓаните и денес е ден на демократијата. ДИК и другите изборни органи и тела, како и државните институции, особено МВР, одговорија на поставените задачи и заслужуваат признание. Обврска на сите партии и државни институции, невладините организации, медиумите и граѓаните, е на ист начин да дејствуваат и во вториот изборен круг, но неопходно е масовно излегување и гласање сè со цел да избереме претседател со висок легитимитет“, се вели во соопштението.