На една од нашите најпознати Инстаграм девојки Александра Шијакоска и е откриен тумор на главата

Една од нашите најпознати Инстаграм девојки, попладнево ги растажи обожавателите.

Александра Шијакоска , девојката која ги прави најкреативните модни комбинации инспирирајќи ги девојките ширум земјава, сподели дека извесен период нема да биде активна на социјалните мрежи како досега.

Причината, која ќе ве натажи и вас, како нас е дека на Александра и е откриен тумор на главата.

-Сѐ се случува со причина и никогаш не треба да се сомневате во одлуките и изборите кои ги направил Господ за вас… Дури ни во најлошите кошмари, никогаш не замислував дека еве ќе дојде до оваа точка, но… Ми открија тумор на главата и ме чека операција, која е покомплексна во однос на тоа каде е поставен туморот и колку е тешко да се извади. Дали се плашам? Не. Дали ми е тешко? Многу…! – емотивно раскажа Александра.

Меѓудругото, во видеото таа замоли доколку имате некоја препорака за доктор кој што би можел да ги види нејзините резултати уште еднаш да го споделите со неа.

Покрај тоа што како што наведе, дела телефонот нема да биде кај неа, пораката односно пораките ќе бидат прочитани со цел да не се пропушти некоја важна информација, а со неа, како што рече „се гледаме по операцијата со Господ напред“.

Ние и посакуваме да биде силна, и да ја издржи оваа битка.

Треба да знаете
Последни објави