Гостите забележаа три победи на петте натпревари од саботната програма во 15.коло, во Бундеслигата. Лајпциг со триумфот во Бремен и се искачи на второто место на табелата. Андре Силва и Шлагер беа стрелци во победата 2:1. Грос го постигна единствениот гол за Вердер.
Бохум славеше минимална победа во Аугсбург. Аџеи го постигна голот за победа, со кој Бохум го освои 13.бод во сезоната.
Гостинска победа славеше и Волфсбург над Хофенхајм.
На домашен терен Леверкузен го победи Штутгарт, а Херта славеше над Келн. Двата тима победија со 2:0.