Против поранешниот претседател на „Нисан” Карлос Госн се подготвува ново обвинение за злоупотреба на доверба, јавија денеска јапонските медиуми.
Обвиненијата се однесуваат на плаќање од страна на подружница на јапонскиот производител на автомобили кое наводно легнало на сметка на приватна инвестициска компанија под контрола на Госн.
Тој прво беше уапсен во ноември, но откако плати кауција од девет милиони долари беше пуштен од притвор.
Госн (65) во април беше повторно притворен, и се изјасни за невин за кривичните дела за кои се терети во обвинението.
Според претходните три обвиненија, Карлос Госн меѓу другото се терети за фалсификување финансиски извештаи и злоупотреба на положба за стекнување лична корист.