Ненадејно почина популарна 23 годишна Тиктокерка од Хрватска

Во Загреб, на 23-годишна возраст почина младата популарна тиктокерка Дијана Де Марко, родена во Пожега.

Беше многу успешна и популарна на социјалната мрежа ТикТок, а ја следеа повеќе од 120.000 луѓе, кои секојдневно ги развеселуваше со своите објави.

Учела во Католичката гимназија во Пожега, по што се преселила во Загреб. Студирала на Филозофскиот факултет во Загреб, а во слободното време креирала содржина за повеќе од 120.000 следбеници во ТикТок. Следната недела требало да започне со работа во градинка.

Дијана де Марко ненадејно починала во сон, во стан во Загреб каде живеела со двајца пријатели, а причината за смртта засега е непозната. Семејството добило и документи во кои не е наведено точното време на нејзината смрт.

Пријателите се збогуваат со неа на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави