Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информира УХМР.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат поинтензивни. Од пладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Утре претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. В среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде
нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.