Исламска држава денес ја презеде одговорноста за нападот на зградата на безбедносните сили во Зулфи, Саудиска Арабија, во неделата.
Новинската агенција Амак, која е поврзана со Исламската држава, објави видео со четири лица кои стојат зад нападот. Не е јасно кога нивните изјави беа снимени, според АП.
На снимката еден човек го обвинува саудиското кралско семејство дека се неверници и вели дека нападот бил извршен за да бидат одмаздени муслиманите кои се во затвор во Саудиска Арабија, Сирија и Ирак.
Саудиските власти убија четворица вооружени напаѓачи кои се обидоа да го спроведат нападот, а притоа се ранети и тројца членови на безбедносните сили.