Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во централниот дел на Филипини, соопшти Американскиот геолошки завод.
Досега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.
Филипини се наоѓа во пацифичкиот „огнен прстен” каде се чести земјотресите и вулканските ерупции.