Доларот во пад, фунтата и еврото зајакнаа

Доларот и денеска го продолжи својот пад кој почна од понеделник, додека валутите чувствителни на ризик, како британската фунта и австралискиот долар, зајакнаа за време на синоќешното азиско тргување.

По падот од речиси 5,0 отсто во јануари, светските акции почнаа да растат во февруари, а промена на курсот има и на девизните пазари.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата на главните ривали, во понеделникот падна од 19-месечниот максимум забележан минатата недела, а утринава продолжи да паѓа за 0,3 отсто на 96,395 поени на тргувањето во 08:11 часот по средноевропско време, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

 

Треба да знаете
Последни објави