Само неколку дена пред нејзиниот нов филм за група астронаути кои се обидуваат да ја спречат Месечината од фатален судир со Земјата, а кој пристига во киносалите во петок, Хали (55) се појави на црвениот тепих во впечатлив фустан со надуени ракави.
Ѕвездата на Catwoman го дополни својот изглед со нежен сребрен ѓердан и светкави обувки.
Оваа креација го истакнува нејзиниот исоначан тен и убава фигура. Мајката на две деца изгледа апсолутно блескаво со нагласени прамени во мед боја и елегантно подигната коса со неколку локни што висат надолу.
Оскаровката зрачи со самодоверба додека го покажува фустанот одзади и гледа преку рамото со нежна насмевка и двете раце на колковите.
Таа е една од холивудските дами чиј изглед ни приближно не ги издава нејзините години.