По одржување на 14-та седница на Советот за безбедност констатирано е дека состојбата во државата е добра, а улога во тоа има што сме членка на алијансата.
Претседателот Стево Пендаровски посочи дека нема никакво загрозување во однос на територијалниот интегритет и суверениот на РСМ.
-На седницата дискутиравме за безбедноста на државата и таа е добра, со оглед дека сме членка на НАТО алијансата. Од тоа беа донесени неколку заклучоци. Прво членови на Советот за безбедност констатираа дека состојба е безбедна и дека нема индиции за загрозување на територијалниот идентитет и суверенитет на С. Македонија. Советот заклучи дека со засилена дипломатска активност и присуство на теренот на меѓународната заедница постои простор за воспоставување дијалог за надминување на проблемите. Се дискутираше и за тензиите на украинско руската граница. Имајќи впредвид дека граничиме со две држави кои граничат со т.н евроатланска одговорност, С. Македонија како членка на НАТО ги направи сите подготовки како ќе се одвиваат работите понатаму. Во таа смисла поздрав до дипломатски напори со кои им се дава шанса на преговорите, а не на оружјето, изјави Пендаровски.