Неодговорноста на власта на СДСМ, граѓаните ја платија со над 8400 животи

Соопштение до јавноста,реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

СДСМ се лицемерни, обвинуваат други, а токму нивната власт е виновна за над 8400 починати од Ковид, што не става на врвот по смртност во светот.
 
Токму власта на СДСМ се обидуваше да ќари провизии со набавката на вакцини и затоа Македонија последна го почна процесот на вакцинација, поради што илјадници македонски граѓани ги изгубија своите животи, а десетици илјади се вакцинираа во странство.
 
На крајот,  власта на СДСМ е одговорна и за трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде што во пожар за неколку минути живи изгореа 14 пациенти.
 
Каде беше СДСМ, каде беше Кузеска да побара одговорност за загрозување на здравјето и животите на граѓаните тогаш?
 
Неодговорноста и лажната етика на СДСМ ги чинат граѓаните животи.
 
Обидите да ја покријат својата неспособност во справувањето со пандемијата со прес конференции не поминуваат.
Треба да знаете
Последни објави