„ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и секојдневно се обидува да добие политички поени со критика. Таквото однесување ни е добро познато, иако како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало став за најважните и клучните прашања“ кажа пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека кога започна здравствената криза, ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника меѓу граѓаните дека ќе има 40 проценти зголемување на цената на струјата.
„Ширевте паника меѓу граѓаните, тие беа испаничени, за денес да видиме дека цената на освновните продукти е замрзната, а зголемувањето на цената на струјата не надмина 10 проценти. Имаме опозиција која цело време се обидува да направи паника кај граѓаните и преку лицемерно делување да добива ситни политички поени“ кажа Каевски.
Тој ја повика опозицијата да седнат на маса и да се договори заеднички дејствување, бидејќи тоа е вистинската насока, за заеднички справување со проблемите.