Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ ќе повлече околу 54.000 возила со софтвер кој на возачите им нуди можност да ја намалат брзината на раскрсниците и покрај знакот „СТОП“.
Компанијата ќе повлече дел од моделот С и моделот X, произведени во периодот од 2016 до 2022 година, моделот 3 од периодот од 2017 до 2022 година и моделот Y од периодот од 2020 до 2022 година, објави американската Администрација за безбедност во сообраќајот.
Тесла „далечински“ ќе го ажурира софтверот и ќе ја блокира опцијата за забавување наместо запирање со знакот „СТОП“, посочија од Управата за безбедност на патиштата. Компанијата не ја коментираше ваквата објава, пренесуваат медиумите во светот.
Минатата недела, компанијата објави дека бројот на возила со спорната опција во САД се зголемил од неколку илјади на крајот на септември минатата година на сегашните речиси 60.000.
Посочиле и дека до 27 јануари не добиле информации за барања за штети, судири, повреди или смртни случаи поврзани со повлекување возила со спорната опција за забавување.