Европската унија му ја честита победата на комичарот и актер Володомир Зеленски на изборите за претседател на Украина и вети силна поддршка за неговите планови поврзани со реформите и бробата против корупцијата.
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан Клод Јункер и Доналд Туск, му порачаа на Зеленски дека може да смета на постојана и цврста поддршка од ЕУ за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина.
„Може да сметате на силна поддршка од ЕУ на реформскиот пат на Украина, вклучувајќи консолидација на владеење на правото, борбата против корупцијата, одржување на макрофинансиската стабилност и спроведување на клучните реформи во енергетскиот сектор“, се наведува во заедничкото соопштение.