Во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, пронајдени се 87 детонатори кои биле оставени на автобуска станица, соопшти полицијата.
Детонаторите се пронајдени како дел од мерките преземени по серијата терористички напади што се случија вчера, a во кои загинаа 290 лица, додека над 500 се повредени.
Министерката за здравство на Шри Ланка, Раџита Сенаратне, претходно изјави дека за вчерашните напади одговорна е локалната паравоена група National Thoof Gammath.
Според нејзините зборови, властите ги обвинуваат членовите на групата за врски со радикални групи од странство.