Српската Влада ќе ѝ помогне на Франција со милион евра за обновата на катедралата Нотр Дам во Париз која беше оштетена во пожар што се случи на 15 април.
„Со оваа одлука се потврдува вековното пријателство со францускиот народ и ја изразува желбата симболот на француската и светската цивилизација што побрзо да се обнови и да се отвори овој храм на културата и уметноста за сите идни следбеници“, соопштија од српската Влада.