Кичевец бил тешко повреден откако со џип удрил во бетонски столб, вчера во Кичево.
Според полицијата, несреќата се случила во 13.45 часот часот на улицата Ужичка. Р.Ц.(56) од Кичево, управувајќи „лада нива” со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб.
Од ударот Р.Ц.се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.