Неколку вооружени лица во неделата нападнаа воена база во западно-централниот дел на Мали, убивајќи 11 војници, објави армијата.
Досега, ниту една група не презеде одговорност за нападот. Централниот дел на Мали во последните неколку години е цел на нападите на џихадистички групи поврзани со ал-Каеда.
Неидентификуваните напаѓачи ја нападнале базата во областа Гуир околу 5 часот наутро по локално време, откако до неа пристапиле со во конвој од 11 возила, изјави локален политичар.
Тој истакна дека напаѓачите го запалиле воениот камп и украле дел од оружјето и опремата.
Министерството за одбрана го потврди нападот во својата изјава, додавајќи дека 11 војници биле убиени, а неколку други биле повредени.
Во март, терористичка група поврзана со ал-Каеда презеде одговорност за сличен напад на воена база во централниот регион Мопти во кој загинаа 16 војници.
Зголеменото насилство во земјата доведоа до минатонеделната оставка на целата влада на Мали. Властите беа остро критикувани поради неможността да се справат со милитантите, откако во март беа масакрирани 157 селани.
Мали и Буркина Фасо забележуваат зголемен број на напади од страна на исламистички групи кои имаат за цел да го прошират своетто влијание во областа Сахел.