Царината спречи шверц на инсектициди, викендов на граничниот премин Табановце, соопшти Царинската управа.
– 44 килограми инсектицид во гранули, марка ROVOCID и GALITION Extra (44 пакувања од по 1 килограм), 1600 ml течен инсектицид-концентрат за емулзија ETIOL (16 пакувања од по 100 ml) и 490 грама хербицид TEZIS (49 пакувања од по 10 g), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот, на задното седиште, помеѓу седиштата и под совозачкото седиште, се привремено задржани, а против сопатникот во возилото, кој се пријавил како сопственик на производите, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.