Полицијата пронајде и собра од површината на морето неколку килограми марихуана кај ривата во Пула, објави портпаролката на полицијата, Сузана Сокач.
Дрогата беше пронајдена во неделата околу 16 часот, по дојавувањето дека зелената материја слична на марихуана е забележана во морето, објави ХИНА.
„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците извадија неопределено количество марихуана од морето, кое треба да се суши и мери. Сè додека не се исуши, точната количина марихуана нема да биде позната, но сигурно е дека се работи за неколку килограми влажна марихуана“, додаде таа.
ХИНА вели дека во моментот не е познато како дрогата се нашла во морето и дека истрагата е во тек.