Првата успешна комбинирана трансплантација на бели дробови и црн дрб кај дете со цистична фиброза е изведена во медицинскиот истражувачки центар „В.И. Шумаков“ во Москва, изјави шефот на центарот, Сергеј Готи,пренесува ТАСС.
„Среќен сум што можам да презентирам единствено клиничко набљудување, кое е прво не само во Русија, туку и во светот – прва успешна комбинирана трансплантација на три органи кои се изведуваат кај дете”, рече Готи.
Прес-службата на центарот “Шумаков” соопшти дека на деветгодишниот пациент, Михаил, од село во Сахалин, му била дијагностицирана цистична фиброза – генетско нарушување кое влијае на неколку органи одеднаш, пред се на белите дробови. Момчето,исто така, имало и цироза на црниот дроб.
Рускиот министер за здравство, Вероника Скворцова, изјави на прес-конференцијата дека центарот „ Шумаков“ е водечки истражувачки и методолошки центар во областа на трансплантационата хирургија и донацијата на органи и ткива.