Барселона има намера да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, Артуро Видал, според каталонското издание „Спорт”.
Новиот договор со 31-годишниот Чилеанец ќе биде до летото 2022 година – една сезона повеќе од сегашниот.
Интерес кон Видал имаод Интер, но Барселона не е подготвена да го пушти да си замине.
Тој игра во тимот од летото 2018 година. Како дел од Каталонците го освои Шпанскиот Суперкуп.
Сезонава, Видал зеде учество на 45 натпревари за Барса на сите турнири во кои запиша 2 гола и 5 асистенции.