Она што се случува меѓу Ким и Канје е класично малтретирање пред очите на јавноста

Брачниот бродолом на Канје Вест и Ким Кардашијан моментално е една од најследените таблоидни приказни, а она што многумина кои поминале низ развод го ставаат во категоријата најстресни настани во животот, се претвори во уште еден одвратен медиумски циркус во кој никој не сака да нагази на кочница иако најпаметно би било да го направи токму тоа.

Во своите медиумски испади, раперот дефинитивно е во водство, претворајќи ги профилите на социјалните мрежи во платформи за јавна комуникација со поранешната сопруга и конфронтации со нејзиното ново момче и со сите кои ја избрале „погрешната страна“ во овој развод.

Една од последните мети на неговите напади, односно колатерална штета, е долгогодишниот соработник Кид Куди кого, како што тврди Вест, го отстранил од новиот албум само затоа што е пријател со новото момче на Ким, Пит Дејвидсон.

Се разбира, објавите на Вест секогаш треба да се земаат со голема доза на резерва затоа што она што тој го прикажува како факт многу често е само негова верзија на вистината или начин да промовира нов материјал. Меѓутоа, во овој случај е многу тешко да се повлече линијата помеѓу класична самопромоција и веројатно искрената желба повторно да се соберат урнатините на бракот, кој во оваа фаза, очигледно само тој сака да го спаси.

Треба да знаете
Последни објави