Намирници кои го регулираат шеќерот во крвта

Слатките искушенија не се за луѓето кои страдаат од дијабетес, па дури ни за оние кои не се заболени, но имаат високо ниво шеќер во крвта.

 

Разликата е во тоа што во состојбата на пред-дијабетес можете да ги контролирате тие нивоа со помош на одредена храна. Според истражувањата, одредени намирници и производи влијаат позитивно на регулацијата на глукоза. Како на пример – сирењето, но и неколку други намирници.

Еве за кои станува збор:

Овесните снегулки го регулираат шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2. Ова се должи на нискиот гликемичен индекс во нив. Благодарение на тоа може да се избегне остриот пораст и пад на нивото на шеќер.

Барем 300 милилитри сок од кељ на ден, според нутриционистите, е корисно поради разновидниот состав на хранливи материи во оваа зелјеста култура.

Црвениот кромид го намалува шеќерот во крвта во рок од четири часа. Податоците од научните испитувања посочуваат дека 100 грама црвен кромид на гладно го намалува нивото на шеќер во крвта, главно поради кверцетин и сулфур во него.

Јогуртот го намалува ризикот од дијабетес тип 2 кај здрави луѓе.

Научниците, исто така, нагласуваат дека 150 минути неделни аеробик вежби помагаат при регулација на нивото на глукоза.

Треба да знаете
Последни објави