Пукал во сопругата, па во себеси – незапаметена трагедија во Нови Сад
Незапаметена трагедија се случила вчера во Сомбор, кога попладнето, 62-годишниот Бранко В. ја убил својата 55-годишна сопруга Десимирка, а потоа се самоубил.
Лекарите се обидувале со реанимација во болницата во Нови Сад да го спасат него, но тој им подлегнал на повредите.
Откако пукал во градите на сопругата, Бранко си пукал себеси во глава.
Несреќната жена им подлегнала на повредите на лице место. Бранко бил однесен во болница во Сомбро, а потоа поради тешка состојба бил префрлен во болница во Нови Сад, каде починал.
Десимирка повеќе од една година работела во Германија, а дошла на кратко во Србија.
-Ситње сме шокирани, не можеме да веруваме што се случило – рекле роднините на семејството.