На Јелена Карлеуша во моментов навистина и цветаат рози во животот, и тоа буквално!
Малку жени можат да се пофалат дека за Денот на вљубените добиле не еден букет, туку 3.333 црвени рози.
Пејачката се пофали со сцената од бајките на интернет, а веруваме дека и позавидуваа многу дами.
Меѓутоа, токму кога се мислеше дека на изненадувањата им дојде крајот, следеше нов шок за Јелена – односно на нејзината домашна адреса пристигнаа уште цвеќиња, овојпат, покрај класичните, и букети во облик на срце.
Пејачката ја сподели приказната со зборовите „Ден два, боже мој“, а веднаш потоа на својот профил објави видео со хаштаг #pleasedonthateme, односно „Ве молам не ме мразите“.
На видеото, кое во меѓувреме е избришано, во еден момент можеше да се види нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, а многумина заклучија дека имало помирување меѓу сопружниците.
Да потсетиме, по инцидентот за Божиќ, кога наводно Тошиќ ѝ удрил шлаканица на Јелена по расправија околу развод, неодамна се појави информација дека двајцата дефинитивно не се разведуваат.
– Точно е дека не се зборува за развод. Ако нешто се случило на тој контроверзен ден, тие двајца се доволно зрели сами да ги решат проблемите што ги имаат – рекол извор близок на парот и додал дека имаат една заедничка цел – да се посветат на воспитувањето на своите ќерки и да ги заштитат нив од сензационалистички написи за нив.
Пејачката подоцна се пошегува и ја сподели приказната со Наоми Кембел, која за прв пат ја покажа ќерка, си со зборовите „Можеби е време за моето трето дете штом сум толку воодушевена од сликите од бебиња“, но дали тоа навистина ќе се случи. , времето ќе каже.