Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон се зголеми за два процентни поени во текот на овој месец, достигнувајќи до 32 отсто, покажува анкетата на агенцијата Одокса.
Како што јави дописникот на МИА, аналитичарите оценуваат дека популарноста на шефот на државата, која падна на 27 отсто во декември како последица на масовните протести на „жолтите елеци”, сега расте благодарение на неговата брза реакција по пожарот во париската катедрала Нотр Дам, но и во очекување на објавувањето на мерките за реформи по „големата дебата”, кои меѓу другото вклучуваат раст на малите пензии согласно инфлацијата и намалување на даноците на доход за лицата со ниски примања.
Во исто време, рејтингот на францускиот премиер Едуард Филип останува стабилен со 34 проценти.