Умерен земјотрес го потресе Мексико Сити во понеделникот, поради што многу луѓе излегоа на улиците барајќи заштита, но властите велат дека засега не е пријавена никаква штета.
Геолошко топографскиот институт на САД (УСГС) соопшти дека земјотресот со јачина од 5,4 степени ја погодил границата на јужните држави Оаксака и Гереро, на 160 километри југоисточно од крајбрежјето на Акапулко и на длабочина од 21,6 километри.
Шефот на агенцијата за цивилна заштита на Мексико, Давид Леон, изјави за локалната телевизија дека нема првични извештаи за штета или повреди.
Според Националната сеизмолошка служба на Мексико, земјотресот бил со јачина од 5,7 степени.