Елон Маск вели дека Тесла ќе има робо-такси возила од идната година

Извршниот директор на Тесла, Елон Маск на настан за инвеститори најави дека очекува компанијата да работи со робо-такси возила следната година.

Воизлата кои комплетно самостојно ќе управуваат ќе се натпреваруваат со сервисите како Убер и Лифт. Робо-такси возилата ќе ,,заработуваат” тогаш кога сопствениците на Тесла нема да го користат возилата.

Програмата на Тесла ќе му дозволи на сопственикот да го изнајми своето возило, со тоа што дел од приходите ќе одат кај Тесла, а останатиот дел од средствата кај сопственикот на возилото.

,,Од финасиски аспект е лудо да купи нешто друго освен Тесла”, рече Маск. ,,Тоа ќе биде како да имате коњ за три години.”

Тесла предвиде дека робо-такси возилата ќе траат 11 години, ќе возат 1 милион милји и ќе остварат бруто профит од едно возило од 30.000 долари годишно. Тоа е уште една агресивна прогноза од Маск за технологијата на Тесла. Тој рече дека очекува да ги убеди регулаторите до крајот на следната година дека самостојните возила се побезбедни отколку кога се управувани од човек.

Треба да знаете
Последни објави