Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија нови фотографии од нивниот најмлад син, принцот Луис, за да го одбележат неговиот прв роденден.
Фотографиите снимени од Кејт го покажуваат како си игра во градината на семејниот дом Норфолк на источниот брег на Англија, објави АП.
Луис е петти по ред за тронот, зад својот дедо, принцот Чарлс, таткото, принцот Вилијам, братот, принцот Џорџ и неговата сестра, принцезата Шарлот.
Луис е правнукот на британската кралица Елизабета Втора, која во неделата наполни 93 години.