Истражен судија нареди судење на поранешниот премиер на Франција, Франсоа Фијон и неговата сопруга поради обвинение за корупција.
Фијон, кој во еден момент на претседателските избори во 2017 година беше еден од водечките кандидати, обвинет е бидејќи на неговата сопруга Пенелопи и двете деца им исплатил повеќе од еден милион евра на име парламентарни помошници.
Фијон претходно ги негираше обвиненијата истакнувајќи дека биле насочени да го дискредитираат како претседателски кандидат.