Лидерот на Хезболах смета дека израелската армија не е подготвена за војна

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, ја отфрли можноста за војна со Израел летово, дематирајќи ги извештаите дека неговата либанска шиитска организација планирала воен конфликт, пренесува РТ.

Тој верува дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) не се подготвени за војна.

Одговарајќи на информациите од кувајтскиот весник „Ал-Раи”  за можно вжештување на ситуацијата во наредните месеци, лидерот на Хезболах изјави дека наводите во весникот се погрешни.

„Сметам дека Израел нема да почне војна против Либан. Ова е мое лично мислење “, рече Насралах.

Тој тврди дека и покрај тоа што Израел се фали за својот систем за ракетна одбрана, не може да ги одбрани своите граѓани од заканата од ракетните напади на Хезболах.

Треба да знаете
Последни објави